Уште на почетокот на манекенската кариера Клаудија Шифер за многумина потсетува на француската актерка Брижит Бардо, што е евидентно и во една од нејзините први модни кампањи направена за брендот Guess. Две и пол децении подоцна Клаудија со помош на познатата шминкерка Лиза Олдриџ повторно го рекререира „а ла Бардо“ изгледот. Во видео туторијалот гледаме како Олдриџ со помош на шминка ја транформира Шифер во Бардо, во карактеристичниот стил на актерката со истакнати, темни очи и беж усни, а манекенката открива информации и совети поврзани со козметичките производи. Инаку, Клаудија Шифер минатиот месец ја лансира својата прва make up Линија во соработка со брендот Art Deco.
Нема коментари