Клаудија Шифер и Стефани Сејмур, едни од оригиналните супермодели од 90-тите, денес на возраст од 48 и 51 година, позираат скоро голи на неколкуте различни насловни страници за августовскиот број на италијански Vogue. И изгледаат одлично. На една фотогафија Клаудија позира комплетно гола, држејќи клач чанта и секси чевли пред себе, во сличен манир се и фотографиите со Стефани.
Фотографиите се на Колиер Шор, а концептот на целата фотосесија е да се направи омаж на делата на познатиот фотограф Хелмут Њутон, кој често правеше автопортрети и ги ставашеените моделите во позиција „сами“ да прават портрети. Во таа насока е направена и оваа фотосесија, ја има играта со огледала и сексапилноста, а Клаудија признава дека, откако Колиер ја смислувал композицијата и ќе ги наместел светлата, таа сама се фотографирала.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари