Препознатливиот кариран дезен и класичниот мантил се дел од богатото модно наследство на британскиот луксузен бренд „Барбери“, во новото септемвриско шоу креативниот директор Кристофер Бејли додадете креации со cool предзнак. „Барбери“ и Бејли покажаа дека ја почитуваат традицијата, но живеат во сегашноста на ревијата во рамките на Лондонската модна недела. Претставија колекција од видот „види сега – купи сега“, со женски и машки модели во кои се меша класиката на брендот интерпретирана преку кодовите на модерно и урбано живеење и стајлинг карактеристичен за уличната мода. Доминираа карираниот принт, мантили со модерен дизајн, материјали како вештачко крзно, ПВЦ, тул и тантела, повеќеслојни комбинации, плетиво, проѕирни фустани и кабаници. На ревијата што се доржа во зградата стара 250 години – Old Session House, се појавија голем број познати гости како Кејт Мос, Кара Делевињ и Наоми Кембел.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари