Неколку сезони по враќањето на моделот Stan Smith на сцена, како и повеќето верзии на Superstar, спортскиот бренд Adidas има уште еден голем адут кога се патиките во прашање – моделот Gazelle, оригинилано лансиран во 1968 година. Препознатливите антилоп патики со три линии од страна пред неколку години добија нов изглед со подебел ѓон, а деновиве Adidas претстави нова кампања, односно преработена стара фотографија на Кејт Мос на која таа носи Gazelle патики.
Adidas Gazelle е веројатно најелегантниот модел на патики на брендот и сосема одлично се вклопуваат во стилот на модерните девојки и момци – во хип-хоп комбинации, со дневни и вечерни фустани, со скејтерски стил, а минатата година се најдоа и на насловната на париски Vogue. Една фотографија со месеци се вртеше на модните блогови и споделуваше на социјалните мрежи која илустрира дека Gazelle може да се носат и со свечени парчиња како здолниште и јакна со пулејки. „Адидас“ последниве сезони понуди нови верзии на овие патики, во разни бои и и со цветни шари, а и Ријана претстави свој модел на Gazelle.
Нема коментари