Дизајнертското дуо на „Валентино“ се раздели – по вчерашната ревија за колекцијата на висока мода за есен 2016 официјално беше објавено дека Марија Грација Кјури повеќе нема да креира за „Валентино“, а Пјерпаоло Пичоли останува како креативен директор на италијанската куќа основана од Валентино Гаравани. Кјури, според денешното најново официјално соопштение заминува во „Диор“ како нов креативен директор. Последната заедничка колекција на Кјури и Пичоли за „Валентино“ е инспирирана од Шекспир и елизабетанското време, по повод 400-годишнината на смртта на Вилијам Шекспир. Истовремено драматична како и Шекспировите драми, но и деликатна и романтична, колекцијата содржи везени и рачно боени фустани, наметки и палта, а доминантен детаљ се карактеристичните околувратници и пуф-ракавите.
Нема коментари