Поинаку кажанo Match Made in Vogue Heaven, ќерката на уредничката на американски Vogue, Би Шефер, по кратка љубовна врска се сврши со Франческо Кароцини, синот на познатата уредничка на италијански Vogue. Уредничките на Vogue, Ана Винтур и Франка Соцани, со години беа пријателки, сè додека Франка не почина во декември минатата година. И двете станаа уреднички на познатиот магазин во 1988 година, и во текот на трите децении на чело на американското и на италијанското издание многу се дружеа и почитуваа. Нивните деца Би и Франческо се претпоставува дека врската ја почнале минатата есен, а веста за свршувачката дојде вчера, откако Селби Драмонд, уредник на одделот на модни додатоци во Vogue US, преку Instagram Story објави црно-бела фотографија на Би како гледа во вереничкиот прстен.
Кога ќе се венчаат децата на две познати уреднички на Vogue, се очекува тоа да биде најмодната свадба на векот!
Нема коментари