Кариерата ја почна како модна блогерка, откако стана најполуларната блогерка, се трамсформира во бизнисменка и дизајнерка, Италијанката Кјара Ферањи сега го промовира својот документарен филм Chiara Ferragni: Unposted („Кјара Ферањи: Необјавено“) и тоа во рамките на престижниот Венециски филмски фестивал. Документарецот се осврнува на животниот пат на познатата модна инфлуенсерка, а претпоставуваме дека ќе откриеме работи што се одвиваат зад сцената на блогерството и модната индустрија.
На премиерата на филмот Кјара се појави во спектакуларен фустан од колекцијата на висока мода на „Диор“, а позираше заедно со сопругот Федез и со нејзиното семејство. Гостинка беше и дизајнерката на „Диор“ Марија Грација Кјури, која дојде заедно со својата ќерка Рејчел.
Нема коментари