Италијанската блогерка Краја Ферањи која стои зад The Blonde Salad ја лансира последната колекција на чевли за следната сезона, и уште еднаш го потврди статусот на една од најуспешните меѓу модните блогери. Откако се пресели во Лос Анџелес Кјара црпи инспирација токму од овој град во кој што ја сними промотивната фотосесија, а влијанието за забележува и во дизајнот на обувките кои сега се полежерни и поразиграни. Продолжува со моделите со мотив на очи, кој е присутен уште во првата колекција што ја дизајнираше, а за следната сезона предлага низа вечерни сандали, светкави мокасини и еспадрили со духовити мотиви.
Нема коментари