Ѕвездата на хит-серијата „Игра на тронови“, Кит Харингтон, е заштитно лице на новата машка колекција и на парфемот на модната куќа Jimmy Choo. Кампањата ќе биде премиерно пуштена во септемвриските изданија на повеќе списанија, како GQ, Esquire , Vanity Fair, Details, Essential Homme и Departures.
Фотографиите ги сними Питер Линдберг, на куќа во Лос Анџелес, креирана од архитектот Џон Лотнер. Актерот, кој го толкува еден од главните ликови во серијата- Џон Сноу, одлично се снајде во улога на модел.
-Кит има внатрешна самодоверба и е слика за изаиграна бунтовна природа. Има отворен маженствен стил, без многу напор , кул и си со голема смисла за хумор, а над сè тој е вистински џентлмен – изјави Сандра Чу, креативната директорка на Jimmy Choo.
Покрај фпотографиите, снимено е и видео за промоција на парфемот.
Нема коментари