Првата „Типокујна“ организирана во Македонија резултира со 12 нови креативни фонтови на кирилица. На десетдневна типографска работилница учесниците имаа можност да научат како да креираат свој фонт. Работилницата беше организирана од Creative Exchange (иницијатива за развој на креативните полиња) во соработка со Ласко Џуровски и Архитектонски факултет во Скопје. Мотивирани од недостатокот на кирилични фонтови, приморани да се снаоѓаат претежно со прилагодување на туѓо писмо, организаторите го направија овој подвиг кој што е голем придонес не само за самите нив, туку целата македонска јавност. За време на работилницата беа креирани 12 фонтови од кои демо-верзиите се бесплатни за употреба. Фонтовите се преземаат преку Creative Exchange сајтот.
Ласко Џуровски е единствениот македонски професионален типограф. Неговиот допринос во развивањето на кирилични фонтови е огромен. Се занимава со графички дизајн и типографија околу 30 години. Член на TDC – Type Directors Club од Њујорк од 2000 година. Автор е на 4 фонт фамилии со вкупно 80 фонтови наменети за ексклузивна употреба во Владата на РМ, како и за слободна дистрибуција, исто така и на 20-тина авторски фонт фамилии со околу 200 фонтови. Во моментов работи на развивање на неколку фонт фамилии за странски компании. Негова желба е да го пренесе своето знаење за да може да се зголеми типографската сцена во Македонија, а со тоа и бројот на кирилични фонтови.
Во продолжение се 12-те нови кирилични фонтови, превземени од www.cx.mk
КАПАК
Автори: Небојша Гелески, Гоце Велески, Анке Клајн, Влатко Ристов/ Вид: Sans Serif, Text / Број на карактери: 162 /
Кернинг парови: во изработка / Јазична поддршка: Cyrillic (македонска, српска) & Latin (European)
БАНАНА
Автор: Вања Штркова / Вид: Display, Text… / Број на карактери: 137 /
Кернинг парови: во изработка / Јазична поддршка: Cyrillic (македонска, српска) & Latin (European)
ЦЕВКА
Автор: Сања Спасовска / Вид: Slab Serif, Text… / Број на карактери: 137 /
Кернинг парови: во изработка / Јазична поддршка: Cyrillic (македонска, српска) & Latin (European)
ТОПОЛА
Автор: Милан Стојанов, Анастазија Манасиевска, Ѓорѓи Јаневски, Елена Ѓорѓиевска / Вид: Display… / Број на карактери: 137 /
Кернинг парови: во изработка / Јазична поддршка: Cyrillic (македонска, српска) & Latin (European)
КЕНЗО ТАНГЕ LIGHT & SLAB
Автори: Марија Ветеровска, Ирма Велковска, Игор Делов, Ико Илиевски / Вид: Light и Slab / Број на карактери: 137 /
Кернинг парови: во изработка / Јазична поддршка: Cyrillic (македонска, српска) & Latin (European)
КОНСТЕЛАЦИЈА
Автор: Мартин Ковачки / Вид: Display, Text… / Број на карактери: 150 /
Кернинг парови: во изработка / Јазична поддршка: Cyrillic (македонска, српска) & Latin (European)
КАРМАКАША
Автор: Александар Пешевски / Вид: Handwriting, Text… / Број на карактери: 137 /
Кернинг парови: во изработка / Јазична поддршка: Cyrillic (македонска, српска) & Latin (European)
MOUNTAIN
Автор: Исак Вишњиќ / Вид: Sans Serif. / Број на карактери: 137 /
Кернинг парови: во изработка / Јазична поддршка: Cyrillic (македонска, српска) & Latin (European)
BIPOLAR
Автор: Мики Стефановски / Вид: Display / Број на карактери: 137 /
Кернинг парови: во изработка / Јазична поддршка: Cyrillic (македонска, српска) & Latin (European)
ХОЈ
Автор: Коста Лазаревски/ Вид: Handwriting / Број на карактери: 63 /
Кернинг парови: во изработка / Јазична поддршка: Cyrillic (македонска, српска) & Latin (European)
ПРЕСТИЛКА
Автор: Александра Новеска / Вид: Handwriting / Број на карактери: 114 /
Кернинг парови: во изработка / Јазична поддршка: Cyrillic (македонска, српска) & Latin (European)
СКОРИД
Автор: Ласко Џуровски / Вид: Display / Број на карактери: 328 /
Кернинг парови: 1991 / Јазична поддршка: Cyrillic (македонска, српска) & Latin (European)
1 коментар
Здраво,
Со оглед на тоа што страната cx.mk не е во функција, а има одредени фонтови кои би сакала да ги преземам, би можеле ли да ми помогнете и да ми кажете каде се достапни.