Триесетгодишната актерка Кира Најтли се најде на неколку различни насловни страници на американски Elle за септемврискиот број со кој магазинот слави 30-годишен јубилеј. Вообичаено дискретна кога е приватниот живот во прашање, Кира во интервју за магазинот се отвори за мајчинството, за промената на телото за време на бременоста, славењето на 30-от роденден и за првпат го откри името на својата ќерка родена во мај годинава – Иди. На фотографиите на Паола Кудаки актерката носи креации од Ралф Лорен, „Шанел“, Loewe и „Луј Витон“. Во најобемниот број на Elle US досега, со содржина на 465 страници, Кира позира во четири различни теми на едиторијали – убавина, модни додадоци, американска мода и француска мода во чест на првиот број на Elle, објавен во Париз во 1945 година.
Нема коментари