Откако веќе ги промовираше парфемот Coco Mademoiselle и карминот Rouge Coco, актерката Кира Најтли повторно е во рекламна кампања за париската модна куќа „Шанел“, овојпат за линијата накит. Кира соработката со „Шанел“ ја почна во 2007 година, и заедно со останатите Шанел-музи Кристен Стјуарт, Лили Роуз Деп и Кендал Џенер, неколку сезони се заштитни лица на различни категории на брендот. „Шанел“ засега откри само една фотографија од кампањата за накит за есен 2016, а направена од страна на Марио Тестино.
Нема коментари