Кинеската пејачка, моделка и актерка Анџела Јанг, попозната под уметничкото име Angelbaby деновиве привлече внимание со својата луксузна свадба која чинела 43 милиони долари и раскошната венчаница која се создавала пет месеци во кутур-ателјето на „Диор“. Една од најпознатите личности во Кина носеше фустан направен по мерка од 35 метри сатенска органза во боја на слонова коска, и во кој се употребени седум слоеви од 50 метри тул и има шлеп од три метри. На ракавите се рачно извезени над сто цветови од тантела, а Angelbaby носеше скапоцена круна.
Нема коментари