Се случи и тоа! Се исполни големиот сон на Ким Кардашијан и се најде на насловната страница на априлскиот број на американски Vogue! Фотографијата е објавена пред неколку часа, и иако првата реакција беше дека се работи за фотошоп или нечија иронична шега, сепак е вистина – Ким Кардашијан е на насловната на Vogue! Девојката позната само затоа што сними домашно порно видео, а мајка и успеа нејзиниот „труд“ да го капитализира преку лигаво реално шоу, сега ја краси првата страница на магазинот со традиција подолга од 120 години!
На фотографијата што ја направи Ени Лејбовиц Ким не е сама, туку заедно со својот вереник, музичарот Канје Вест. Канје всушност и’ беше влезница во светот на модата, а откако се заедно тој го контролира нејзиниот стајлинг и ја запозна со многу влијателни луѓе од модата, како Карин Ројтфелд и Рикардо Тиши, дизајнерот на „Живанши“. Веројатно, пријателството на Канје со Ана Винтур, уредничката на Vogue, е причината што Ким воопшто може да помисли да појви на страницте на магазинот.
Иако уредничката Ана Винтур во уводникот напиша дека, за разлика од гласините дека нејзиниот вереник Канје ја молел да ја стави Ким на насловна, идејата била сосема нејзина и на тимот на Vogue. Одлуката Винтур ја оправдува со тоа што „Vogue во својата долга традиција ги третирал оние што ја дефинираат културата во секој даден момент, оние што ја размрдуваат јавноста, чие присуство го обликува и влијае на светот така како што го гледаме“.
Сето ова е малку чудно бидејќи истата таа Ана Винтур пред неколку години велеше дека Ким на насловна само преку нејзе мртва. И истата таа со години одбиваше да и’ даде покана за престижниот бал во Музејот Метрополитен, на кој важи како главна домаќинка, а кога конечно во 2013 година ја покани, веројатно само затоа што е во врска Канје, многу очигледно ја пресече од фотографијата од репортажата за настанот. Што точно се смени со нејзиниот став во меѓувреме или можеби навистина е време Ана да се пензионира. Не само поради симпатијата кон Кардашијан, туку и затоа што со години се зборува дека Винтур го уништува Vogue и дека публиката не е повеќе задоволно со содржината на магазинот.
„Скоро да не постои современ медиум во кој не се појавиле Кардашијан-Вест, и тоа со добра причина. Канје е неверојатно изведувач и културен провокатор, додека Ким, преку силата на нејзиниот карактер, создаде место за себе во центарот на светсткото внимание, а за тоа треба да имате храброст – ќе завршиме со оваа мисла на Винтур од уводник и ќе оставиме време да ја процесираме оваа насловна и да сфатиме зошто Ана потклекна.
Првите реакции на форумите се дека оваа насловна ја означува бавната смрт на Vogue, a богами и многумина прашаа колку чини една насловна. Во меѓувреме Ким се огласи на својот профил на „Твитер“ и напиша: „Ова е остварување на сонот. Му благодарам на Vogue за насловната! Не можам да дишам“. Од толку возбуда, зборот дишам го напиша погрешно.
Нема коментари