Славната рок-музичара, некогашна членка на култниот состав Sonic Youth, Ким Гордон, дизајнира колекција во соработка со брендот „& Other Stories“. Линијата, која е со панк-рок призвук, содржи ексклузивни модели со рачно цртани мотиви, аплицирани на маички по кратки ракави, блузи и дуксери. Гордон ги употреби апстракните принтови од нејзините оригинални уметнички дела во декорирање на креациите во црна, бела, розова и сива боја. Цртежи од басистката и визулена уметница се најдоа и на модните додатоци, како марамите. Покрај нив линијата е збогатена и со парчиња метален накит.
Нема коментари