#СедиДома и #СмислувајСтајлинзи
Широките таканаречени килот панталони кои имаат должина над глужд се популарни во модата веќе неколку сезони. Тренд се и понатаму, се носат скоро преку цела година, а еве неколку инспиративни пролетно-летни идеи за различни пригоди. Овој вид панталони станаа едни од базичните во нашиот гардеробер, а жените ги сакаат бидејќи широкиот крој и високата половина ги прави удобни, ласкачки и секако тренди.
View this post on InstagramI wonder if Zeus would have approved of my Saturday attire @netaporter #JetAPorter #ad
Поелегантните модели на килот панталони ќе ги носиме со сакоа или со впечатлива блуза за вечерно излегување. Во полежерна варијатна се носат со обични маици или блузи со спуштени раменици. Зависно од пригодата се комбинираат со сандали и чевли со високи потпеци, или пак со летни сандали и влечки.
Нема коментари