Дијаманти, крзно, скапи фустани, чевли од „Шанел“, лични фотографии и книги успеа да забележи Кетрин Опи во домот на филмската легенда Елизабет Тејлор. Опи која што се занимава со документарна фотографија, имаше можност во неколку наврати да фотографира во куќата на Тејлор на Бел Ер. Таа во периодот од јануари до јуни 2011 година неколку пати го посети домот на актерката и беше оставена непречено да фотографира, но никогаш не ја запозна домаќинката. На средина на проектот, Тејлор била хоспитализирана и почина во март истата година.
Опи фотографираше додека Елизабет лежеше во својата спалнаа соба, а по нејзината смрт со помош на нејзиниот персонал. Според фотографката домот на Телјор во стилот на калифорниски ранч бил елегантен, но едноставен. Веднаш го забележала тиркизниот базен, а потоа килимите низ куќата во боја на лаванда. Потоа се отворал приватниот свет на Тејлор – кутии и кутии скап накит, бисери и дијаманти, редици вечерни тоалети во огромниот плакар кој зборувал за нејзината женственост, повеќе пара чевли од „Шанел“, фотографии со нејзините сопрузи, деца и со љубениот Ричард Бартон, ѕидови украсени со слики, лични писма и големата комода со Оскарите и останатите награди.
Фотографката Опи направи околу 3.000 фотографии во домот на актерката, а изборот на најдобрите се најде во книгата 700 Nimes Road, крстена по адресата на куќата на Тејлор, издадена на 1 септември годинава. Фотографиите ќе бидат наскоро изложени на изложба во MOCA во Лос Анџелес.
Нема коментари