Јужноафриканскиот топ-модел Кендис Свенпул дизајнира џинс колекција инспирирана од 90-тите години на минатиот век. Капсулната линијата је реализира за брендот Mother Denim. Станува збор за седум парчиња со различна нијанса на џинс, меѓу кои има фармерки со различна форма, и висина на половината, како и шорцеви во стилот на 90-тите. Ангелот на „Викторија сикрет“ позира во моделите со нејзин потпис пред фотообјективот на Расел Џејмс. Профитот од продажбата на фармерките ќе биде насочен за филанстропската организација од Јужна Африка, mothers2mothers, која се заложува за преветива од пренос на ХИВ од мајките на нивните бебиња.
Нема коментари