Шпанскиот бренд Mango ја ангажира популарната манекенка Кендал Џенер како ново заштитно лице, наследувајќи ги на тоа место Кејт Мос и Кара Делевињ. Во јавноста е пуштена само една фотографија од кампањата наречена Tribal Spirit на која носи црн кожен фустан со реси во долниот дел. Фотограф на кампањата е Дејвид Симс. Tribal Spirit е првата од темите на четирите мини колекции за пролет 2016, а која е инспирирана од афтиканската савана и племенските принтови карактеристични за овој континент. Mango најавува уште неколку манекенки како заштитни лица, но сè уште не ги објавува нивните имиња.
Нема коментари