Супермоделката Кејт Мос која што во приватниот живот го негува бохо-гламурот и во новата рекламна кампања за пролетната колекција на Rimmel е во стил на боемка, благодарение на интензивните бои на шминка и колоритните фотографии. Нејзината нова колекција на шминка треба да се појави месецов, а Кејт ја прошири линијата и со сенки за очи. Манекенката веќе неколку години е заштитно лице на британската козметичка компанија, а кармините со нејзин потпис се бестселери. Со новите козметички производи за Rimmel – маскари и ајлајнери во боја, кармини, лакови за нокти во нијанси на смарагдно зелена, сина и виолетова - ќе ви понуди вистинско пролетно будење.
Нема коментари