Славната супермоделка учествува како гостин-уредник во мартовскиот број на британски Vogue, а еве ги првите резултатите од соработката – стајлинг за насловната страница со манекенката Дарија Вербови, како и за модниот едиторијал инспириран од панкот наречен Cause Celebre , а фотографирани од страна на Мерт и Маркус. Ова се првите две фотографии објавени од мартовското издание на кои работеше Кејт, која и самата во последниве две децении 33 пати ја красеше насловната на британски Vogue. Главната уредничка на магазинот Александра Шулман во уводникот напиша дека Мос комплетно се вложила во задачата на моден соработник. „Од првичните идеи, преку бирањето облека за фотосеиите, до прилагодувањето на модните додатоци за време на фотографирањето со Дарија, Кејт комплетно ја презеде улогата на моден уредник“, вели Шулман. Мартовскиот број ќе почне да се продава оваа недела, а од маркетинг службата на Vogue велат дека одамна немало толку многу реклами како во овој број од списанието, што според нив е резултат на популарноста на Кејт Мос.
Нема коментари