Славната Кејт Мос е најбогат британски модел, според магазинот „Тајмс“. Богатството на манекенката се проценува на 88 милиони долари, пишува италијански Vogue. Таа ја почна својата модна кариера на 14 години. Оттогаш е една од најбараните манекенки. Низ годините стана заштитно лице на бројни модни куќи и козметички компании, а и самата се проба како дизајнер. Четириесетгодишниот модел сè уште е едно од најзастапените лица на модните магазини, а броевите каде што се појавува се меѓу најпродаваните. Мос во интевјуто со фотографот Ник Најт, кое доста е споделувано деновиве, изјави дека не ѝ е јасно зошто нејзините фотографии продаваат толку многу весници.
Нема коментари