Откако во 2015 година влезе во светот не уредувањето на домови и дизајнира една луксузна куќа британскиот регион Котсволдс, славната манекенка Кејт Мос учествуваше уште во неколку слични проекти, последниот е креирање на мотив на тапети за брендот De Gourney. Дизајнот наречен „Анемони во светлната“, прикажува мотив на сребрени и црни анемони, кој потоа е рачно насликан на свилена основа. Според грчката легенда цветот анемона се формира од солзите на Афродита исплакани после смртта на Адонис, токму оваа романтична премиса и монохроматскиот арт-деко стил се инспирација за колекцијата тапети на Мос. -Тапетите додаваат топлина, текстура, димензија и драма во просторија. Мојот стил е извлечен од различни епохи, мешајќи ги старото со новото, сопствените парчиња со пронајдени стара богатства – вели Кејт за стилот на овој дизајн, кој пак се повикува и на нејзиниот личен моден стил. Таа исто така вели дека цветните тапети изгледаат различно во различен дел од денот, зависно од тоа како светлината паѓа на нив и се рефлектира низ просторијата, a благодарение на сребрените ливчиња вметнати врз цветовите на анемона. *Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари