Супермоделот Кејт Мос и нејзината помлада британска колешка, Кара Делевиљ, се заштитни лица на новиот парфем на „Барбери“. Тие ќе го преtстават новиот, сè уште нелaнсиран мирис, на британската модна куќа. „Барбери“ ја обелодени оваа информација на својот прифил на „Инстаграм“, објавувајќи фотографија со двете манекенки направена за време на снимањето на промотивниот материјал.
-Кејт Мос и Кара Делевиљ – фотографирани од Марио Тестино – зад сцената на снимањето на новата кампања на „Барбери“, за парфем, кој ќе ви го претставиме кон крајот на годината – се вели во објаснувањето под фотографијата.
Интересно е што оваа соработка на двата модела доаѓа неколку дена откако Карл Лагерфелд изјави дека Кара е новата Кејт.
Нема коментари