На вчерашната летна забава во лондонскиот музеј „Викторија и Алберт“ од хуманитарен карактер, две ѕвезди го украдоа вниманието со нивниот стил – супермоделката Кејт Мос и австралиската пејачка Кајли Миног. Мос привлече внимание со модниот избор од виолетов фустан со цветен дезен во за неа карактеристичниот бохо-стил, комбиниран со чевли и чанта во виолетови тонови, долг ѓердан и две алки на левата рака. Кајли се појави во неодолива летна комбинација – долг и лелеав жолт фустан од Стела Макартни, кој има набори во горниот, карнери до долниот дел и гол грб. На настанот присутни беа и Џоан Колинс, манекенките Аризона Мјуз и Еди Кембел, модната критичарка Сузи Менекес, познати актерки и британски телевизиски личности.
Нема коментари