Прите фотографии од новите модели со потпис на манекенката Кејт Мос за брендот „Топшоп“ ќе излезат екслузивно во новиот број на британски Vogue. Покрај презеnтацијата на новите дизајни, таа одбележува и јубилеј од 35. насловни страници во овој магазин.
По четири години пауза, некогашното заштитно лице и креатор на „Топшоп“, ја обнови својата соработка со соственикот на една од омилените британски high street етикети, Филип Грин. Токму насловната страница е прва промоција на колекцијата . На фотографијата Мос носи пурпурен светкав фустан со реси, кој е од новата линија. Во внатрешноста на магазинот има посебен едиторијал за чиј стајлинг е заслужна самата Кејт. Моделите ги носи манекенката Фреја Беха Ериксен, која позира за фотрографот Крег Мекдин.
Судено според првите фотографии фановите на Мос може да очекуваат бохо-пролетни модели со етно призвук, опуштени кроеви и вистинска фестивалска мода, која Кејт одамна ја популарзиира. Супермоделот и брендот успешно соработуваа три години. Манекенката дизајнираше колекции за „Топшоп“ неколку сезони, а за нив заработи 4,5 милиони долари.
Нема коментари