Славниот британски топ-модел Кејт Мос деновиве ја претстави својата нова линија накит во соработка со бразилскиот дизајнер Ара Вартанијан. Станува збор за парчиња во хипи, бохо-стил, кои се идеални за претстојните летни денови. Мос се појавува и како модел во промотивната кампања на линијата која содржи прстени, обетки, ѓердани, со симболи и дизајн како во 70-тите години.
Фотографиите беа премиерно преставени викендов во Vogue, за кој Кејт Мос изјави дека „обожава накит и дека не може да помине од продавница на накит без да си најде нешто што ѝ се допаѓа“.
Со Вартанијан се запознале пред неколку години во Сао Паоло. Таа веднаш се вљубила во неговиот накит, а креаторот, пак, го обожувал начинот на кој Кејт ги носи неговите креации. Вели дека „само таа знае да го долови ноншалантниот слободен и опуштен дух на неговите креации“. Оваа взаемна одушевеност вроди и со соработка на новата колекција кои во среда треба да бидат пуштени на продажба преку HarveyNichlos.com, како и во продажните салони на Ара Вартанијан.
Нема коментари