Со својот секогаш елегантен и модерен стајлинг, Војвотката од Кембриџ одушеви на финалето на годинашниот тенисики турнир „Вимблдон“. Во придружба на својот сопруг Вилијам, Кејт Мидлтон носеше бел фустан во А-форма со дискретни шари, со потпис на модната куќа Alexander McQueen. Многумина можеби помислија дека станува збор за креација со летни етно- дезени, цветови или апстракни принтови. Веројатно никој не очекуваше дека Мидлтон ќе ја покаже својата смела модна страна и на ваков настан ќе се појави со сосема неочекувани детали. Кога ќе се зумира, може убаво да се види дека креацијата на белата основа, покрај очекуваните цветови и пеперуги има мини слики со костурски глави, ножеви, кармин, усни, кристали, птици и друго.
Нема коментари