Со секое свое појавување во јавноста Војвотката од Кембриџ привлекува големо внимание, пред сè заради софистицираниот моден изглед. Откако ја потскрати косата пред неколку недели, Кејт како да најави освежување и подмладување на нејзниот стајлинг. Со секој нов стајлинг покажува дека строгиот дрескод може да биде исто толку шаренолик, младешки и со личен печат- како и неформалниот аутфит, а деновиве докажа и дека може да се оди чекор напред, со прилагодување на актуелните трендови.
Еден од најносените модели изминатото и ова лето, бохо-фустанот со разголени ракави е дел од нејзиниот моден избор. Имено, на патувањето во Германија со својот сопруг, Вилијам, Војводата од Кембриџ таа изненади со црвен модел во шпански стил од модната куќа „Александар Меквин“ со што ги разбранува социјалните мрежи.
На овој избор,за време на турнејата, на кои ги придружуваат и нивните деца, принцот Џорџ и принцезата Шарлот, таа износе успешни и модерни комбинации и фустани, клои се во рамките на кралскиот дрескод, но и не се одделувата многу од бизнис и свечениот стајлинг на модерните жени на нејзина возраст. Позитивни коментари доби за белиот костум со пеплум палто од „Александар Меквин“ на пристигнувањето во Варшава. Таму имаше неколку добри модни избор, межу кои белиот фустан од сатен со црни додатоци со потпис на полската дизајнерка Gosia Baczynska.Совршена кралско сина нијанса беше костумот од Catherine Walker & Co што Кејт Мидлтон го носеше на патувањето од Полска накај Германија. за време на престојот следуваше миди фустан ви стилот на 50-тите со жолти цветови од Jenny Packham , во комбинација со нејзините омилени кремасти чевли од Monsoon, а одушеви и со дводелниот цветен модел од Erdem. На вчерашниот бал во Берлин, носеше модерен зелен фустан од Markus Lupfer со ситно плисе и принт со птици, во комбинација со впечатливи сандали на високи потпетици.
Покрај Кејт, големо внимание на ова патување предизвика и малата принцеза Шарлот, со симпатичните цветни фустани, соодветни за нејзината возраст.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари