Војвотката од Кембриџ многупати досега одушевила со својот елегантен стил и умешност да прилагоди трендовски парчиња во официјалниот изглед. Деновиве покажа дека има и добар сенс за модерен деловен изглед. На своето гостување како уредник на еден ден во редакцијата на Huffington Post одржа две важни лекции: родителска и модна.
Својот прв (и единствен) ден како уредничка Кејт Мидлтон го искористи да поддигне едно значајно прашање, кое е табу меѓу родителите- менталното здравје на децата. Во својата прва блог-објава сопругата на престолонсаледникот и мајка на две деца ги повика и училиштата и образовните установи да помогнат во детектирање на емоционалните и менталните проблеми кај најмладите.
За својот прв ангажман како уредничка Војвотката избра букле здолниште порабено со кожени копчиња од Dolce & Gabbana и бела кошула од мек материјал со ретро, викторијански елеманти од Reiss. Изгледот го комплетира со црни хулахопки и салонки и минимален накит: бисерни обетки и метален часовник. Фризурата беше во нејзин препознатлив стил, фенирана со кадрици.
Како што се претпоставуваше, овие парчиња брзо ќе станат најбарани, благодарение на Кејт-ефектот. Па така хај-стрит блузата, која чини 120 фунти, веднаш беше распродадена, а има голем интерес и за здоништето од Dolce & Gabbana , кое во видоизменета форма се продава за 326 фунти на Net-a-porter.
Нема коментари