Британската војвотка од Кембриџ блесна на црвениот килим во темносина креација и со дијамантски накит, позајмени од Кралицата, на настан во Националната галерија за портрети во Лондон. На своето прво официјано појавање оваа година на јавен настан, Кејт Мидлтон на себе го имаше бесценетиот гердан Nizam of Hyderabad, кој кралицара Елизабета го добила како подарок на својата свадба во 1947 година. Вечерната тоалета, дизајнирана од Џени Пекам, одлично одговара на тенката линија на младата мајка, но е и совршена контраст на блескавите дијаманти.
Нема коментари