Холивудската актерка Кејт Хадсон сними кампања за брендот „Ен Тејлор“ придружувана од своите синови, десетгодишниот Рајдер и двегодишниот Бинг. Креациите од колекцијата пролет-лето 2014 на етикетата се во стилот по кој ја препознаваме актерката: едноставен, елегантен и младешки. Моделите се во крем, црна и бела боја, а направен е суптилен спој на сафари и бизнис-имиџ. Сценографијата на рекламата е како дел од филмски сет во кој на паузите таа се дружи со синовите. На една од фотографиите Рајдер ѝ дава знак да почне со снимање, а на друга таа го држи малиот Бинг во раце.
Нема коментари