Облечена во шик бел фустан со пастелни, виолетови и зелени цветови од брендот RED Valentino, актерката Кејт Босворт вчера ја лансира апликацијата Style Thief. Триесет и едногодишната мода икона на промоцијата се појави со романтичен изглед, со косата собрана во венец од плетенки, а стајлингот го заокружи со термновиолетови чевли со високи потпетици од Bionda Castana. На настанот, што се одржа во The Château Marmont, Холивуд, ја придружуваше нејзниот сопруг, режисерот Мајкл Полиш.
Апликацијата Style Thief овозможува да снимите фотографија на некое модно парче, да ја спроведе сликата до пребарувач за одреденото модно парче, а потоа да го купите посакуваниот производ во само неколку клика. Преку мотото Snap&Steal (Сликни и укради), апликацијата има за цел да се фокусира на популарноста на уличната мода и постојаната навика да се фотографираме со „паметен“ телефони.
Нема коментари