По успешните дизајнерски соработки со Topshop и JewelMint, трендесетерката и актерка Кејт Босворт креира колекција накит за Ambyr Childers Jewelry. Покрај тоа што го дизајнира накитот за брендот на креаторката и актерка Амбир Чилдерс, таа се појавува и како заштитно лице на етикетата. Колекцијата содржи 22 парчиња кои се украсени со традиционални американски симболи, стрела, сончеви зраци, рогови идетали од древни орнаменти од историјата на САД. Застапени се ѓердани и прстени од 14-каратно злато, украсени со скапоцении полускапоцени камења, межу кои се истакнува розовиот опал, брилјанстин и лазурит. Накиотот ќе се најде во продажба оваа пролет, а цените ќе се движат од 765 до 6.000 долари.
Нема коментари