Годинашната добитничка на „оскар“ за главна женска улога, Кејт Бланшет, била најскапо облечената актерка на 86. издание на престижните награди. Стајлингот на глумицата, што го доби „златното човече“ за улогата во „Тажната Јасмин“ на режисерот Вуди Ален, чинел 18,1 милиони долари.
Оваа неверојатна цена е постигната благодарение на луксузниот накит. Австралиската актерка на црвениот килим на оскаровската церемонија се појави во крем креација од тантела, збогатена со цветови, од колекцијата есен 2013 на „Армани“. Фустанот чинел 100.000 долари. Но, накиот од Chopard , кој беше комбинација на обектки со 62 опала, дополнет со бело злато, и дијамантски прстен, вредел 18 милиони долари.
Втора на листата со најскап стајлинг беше Шарлиз Терон, чиј моден изглед чинеше 16 милиони долари, од кои 90 илијади вредел црниот фустан од „Диор“, а околу 15 милиони бил накитот од Harry Winston. На трето место е Сандра Булок, која на „Оскар“ се појави во креација од модната куќа „Александар Меквин“ во вредност од 40.000 долари и накит од 8,2 милиони меѓу кои дијамстнски обетки од 1,2 милиони и алка од 64 милиони. Австралиската актерка Маргот Роби на себе имаше фустан од „Сен Лоран“ од 12.000 долари и накит од 8 милиони долари.
Артистичкиот накит на Џенифер Гарнер од Forevermark е проценет на 5 милиони долари. Таа носеше фустан од Оскар де ла Рента од 25 милиони долари. Џенифер Лоренс на себе имаше тоалета од „Диор“, вредна 80.ооо долари и накит од Neil Lane jewellery што чини 3,5 милиони долари. Фустанот на Ејми Адамс од „Гучи“ е 30.000 долари,а накитот од Tiffany & Co, 1,5 милиони долари. За истиот бренд на накит се одлучила и Џесика Биел, која била поскромна од своите колешки, и избрала додатоци во вредност од 525.000 долари, но повеќе пари вложила во фустанот од „Шанел“, кој чини 100.000 долари.
Нема коментари