Оваа манекенка позната по раскошните облини и фотосесиите во долна облека и костими за капење, сè повеќе е ангажирана од страна на меинстрим модните магазини како Vogue и Elle, но и од поавангардни публикации од типот на V Magazine. Уредништвото ја ангажираше Кејт за насловната страница за изданието за пролет 2014 на која таа носи креација од Diesel. Но, бидејќи насловната е двослојна, кога ќе го превртите првиот транспарентен слој, ја гледате втората насловна со Кејт. Позата е иста, разликата е што манекенката овде е таква каква што мажите ја замислуваат – во долна облека.
Нема коментари