Инспирирана од мачките, поп-пејчката Кети Пери ја лансира својата нова колекција на модни додатоци. Станува збор за трета Prism линија на ѕвездата, по успешните колекции со украси и накит наменети за тинејџерите, Roar и Wildflower. Моделите се претставени под брендот за додатоци Claire.
- Колекцијата ја слави мојата љубов кон мачките и мојата гордост да бидам жена-мачка-вели Пери.
Во линијата има метални ѓердани, прстени, украси за на глава, венчиња, шапки, како и маска за мобилен телефон, сите со детал кој потсетува на мачка.
Нема коментари