Кети Пери и дизајнерот на италијанскиот бренд „Москино“, Џеремеи Скот, веќе некое време соработуваат, популарната пејачка често носи негови креации, а еве ги заедно во новата видео рекламна кампања за колекцијата есен-зима 2015/16 на „Москино“. Кети позира во неколку модели од „Москино“ како златен корсет, парчиња исшкртани во стилот на графити, а во еден кадар е дури и гола и покриена со наметка. За тоа време дизајнерот танцува околу неа. Видеото го направија фотографите Инез и Винод.
Нема коментари