Пејачката Кети Пери е лицето од насловната на септемврискиот број на Harper’s Bazaar посветен на иконите на современото време, кои по избор на модната уредничка Карин Ројтфелд секој септември се бираат за фотосесија во познатиот моден магазин. Откако беше објавена дел од фотосесијата на тема „Модни икони“ во која учествуваат и Мараја Кери, Дакота Џонсон, Џесика Частеин и Опра Винфри, магазинот вчера објави дека на насловната е Кети Пери. Фотографирана од страна на Жан-Пол Гуд, Пери носи модел од „Сен Лоран“, а стајлингот е на Ројтфелд.
Нема коментари