Не е новост дека познатите личности покрај скапата дизајнерска облека, обожаваат да носат парчиња од брендовите со достапни цени, како на пример од шпанскиот бренд Манго, кој е популарен и кај нас. Деновиве ја забележавме актерката Кејти Холмс на улиците на Њујорк како се справува со студеното време со помош на светол и предимензиониран капут со потпис на Манго. Ова е волнен капут во крем боја и со дворедно закопчување, и може да го најдете во еколошката Committed линија на Манго. Кејти често носи капути од Манго, зимава ја видовме и во сличен модел, но во зелена боја.
Нема коментари