Модниот бренд Зара претставува нова капсулна колекција поделена на два дела, Into the Night и Into the Classic, еве ја кампањата за првиот дел во која се појавува супермоделката Кејт Мос, а која се однесува на вечерни креации погодни за разни забави. Колекцијата содржи 25 различни парчиња облека, осум пара чевли и четири дополнителни додатоци. Кејт Мос позира во неколку модели од колекцијата – долг металик слип-фустан, корсетиран топ во комбинација со широки елегантни панталони, долг црн фустан со висок шлиц и длабоко деколте, модели на фустани со метални нитни, кратка јакна со реси… Кампањата е замислена да го долови шармот на париските ноќи, фотографиите ги направи познатиот моден фотограф Дејвид Симс, а стајлингот е на уредничката на француски Vogue, Емануел Алт.
Нема коментари