Супермоделот Кејт Мос тукушто ја сработи насловната за мајскиот број на британското издание на Vogue, 37-ма за оваа верзија на модниот магазин и 99-та за изданијата на Vogue. Таа позира во маица со мотив на иконските усни на „Ролинг Стоунс“, легендарниот бенд кој деновиве слави 50 години од формирањето со изложбата Exhibitionism во лондонската галерија „Сачи“. Фотографијата за насловната е на Крег Мекдин.
Познатата манекенка неодамна го раскина договорот со својата матична модна агенција Storm Models. Таа ја напушти агенцијата што ја откри на 14-годишна возраст, по цел1 28 години соработка.
Нема коментари