Британките Кејт Мос и Кара Делевињ ќе се задружат во рекламната кампања на популарниот шпански бренд „Манго“ за сезоната есен-зима 2015/16. Двете супермоделки од различни генерации веќе заедно снимија реклама за „Барбери“, а сега повторно се споија за потребите на „Манго“. Кејт има иконски статус меѓу манекенките, Кара е една од најуктелните моделки на денешницата, а заедно се, како што велат самите „смртоносна комбинација“.
Веста за ангажманот е објавена денес. Кејт во повеќе наврати била заштитно лице на „Манго“, додека за Кара ова е биде прво искуство со брендот. „Манго“ објави само една фотографија како најава за кампањата, дело е на фотографското дуо Инез и Винод, а темата е # somethingincommon. „Одлично е што повторно ќе работам за „Манго“, тоа е толку свеж и модерен бренд“, смета Кејт. „„Манго“ е одличен бренд. Кога размислувам што да облечам секој ден, сакам да бидам креативна и „Манго“ е совршен бренд да си играм со широкиот спектар на стилови што постојат во денешно време. Првпат работам со „Манго“ и тоа што ја имам Кејт за ‘парнер во злочинот’ е совршено“, вели Кара за ангажманот.
Нема коментари