Кејт Моs и козметичкиот бренд Rimmel заедно со познатиот британски комичар Дејвид Вилијамс ја започнуваат кампањата за Денот на црвениот нос. Манекенката Мос лансира нова серија на кармини, а дел од средствата од продажбата одат за Comic Relief и иницијативата Red Nose Day. За таа цел заедно со Вилијамс сними видео во кое ги промовираат кармините низ хумор, а комичарот позира и ги имитира познатите манекенки Кара Делевињ, Роузи Хантингтон-Вајтли и Синди Крафорд.
Comic Relief е британска хуманитарна организација која првенствено се бори против свеската сиромаштија, а комичарот Дејвид Вилијамс често учествува во нејизните акции. Во 1988 година организацијата воведува Ден на црвениот нос, кога секој користејќи хумор допринесува за собирање парични средства. Годинава иницијатицата Ден на црвениот нос е на 13 март, а видеото на Кејт, Дејвид и Rimmel е една од почетните кампањи.
Нема коментари