Актерката Кејт Босворт и во приватниот живот негува бохо-стил, па во таа насока е стилизирана и за новиот мартовски број на канадски Elle на чија насловна страница носи боемско-рокерска комбинација од пролетната колекција на „Сен Лоран“. Фотографирана е од Макс Адијан, стајлингот е на Џулијана Скјавинато, а Босворт во интервјуто за магазинот зборува за феминизмот и ја пофали колешката Ема Вотсон и нејзиниот говор за рамноправноста во ОН. Кејт можеби не снима многу филмови, ама постојано е во центарот на вниманието поради својот стил и често се појавува на модни настани. Блиска пријателка е со Џејсон Ву, се дружи со Карл Лагерфелд, а нејзиниот татко е извршен директор во „Ерменеџилдо Зења“.
Нема коментари