Македонската манекенка Катарина Ивановска повторно беше ангажирана во фотосесија наменета за германскиот каталошки бренд Peter Hahn. Светски успешната Катарина позира во модели создадени за различни пригоди и возрасти, на пример младешки модели во интензивни бои и со изразен цветен дезен, потоа базични модни парчиња што секоја жена треба да ги поседува, но и посмирени варијанти во светли и пастелни тонови. Креациите се за сезоната пролет-лето 2014, а каталогот Peter Hahn покрај тоа што нуди модели од својата линија, продава и модели од Laurel, Gerry Webber, Basler, Gogner и други брендови.
Нема коментари