Катарина Ивановска повторно соработува со познатиот француски бренд за костими за капење, Pain de Sucre, овојпат на колекцијата за лето 2014. Македонската манекенка позира на егзотична локација во новите модели на брендот, едноделни и дводелни костими во јаки бои и шари, кои во стилот на на компанијата се секси и разиграни, а во колекцијата има и летни парчиња наменети за плажа. Еве го видеото од снимањето на фотосесијата, како и серија фотографии од каталогот на Pain de Sucre.
Нема коментари