Минатата недела во просториите на модната агенција „Моделс ин“ се одржа кастинг за претстојниот избор the Look of the Year или кај нас познат како „Лице на годината“. Главните букери од белградската агенцијата Model Scouting Office, Јелена Џокиќ и Катарина Весковиќ беа презадоволни од идните модели. Од вкупно тринаесет девојки дури осум влегоа во потесниот круг, меѓутоа главниот збор за девојката која ќе ја претставува Македонија во септември го има директорката на МСО/MSO и сопственик на лиценцата the Look of the Year – Јелена Ивановиќ. Јелена откако ќе ги разгледа материјалите направени на кастингот во Скопје ќе ја донесе конечната одлука. Јелена Ивановиќ, светски позната манекенка во 90-тите, доста помогна за интернционалната кариера на Катарина Ивановска и Елена Трајановска.
Девојката која ќе биде избрана од „Моделс ин“ склучува официјален договор со агенцијата Model Scouting Office, и понатаму итензивно се работи на нејзиното портфолио, со што ќе почнат подготовките за пробив на интернационалниот моден пазар. The Look of the Year е еден од најстарите и најпрестижните избори кога станува збор за откривање на идните светски модели. Минатогодишните представнички за Македонија беа Наталија Стојаноска и Јована Нешова. На истиот овој избор во далечната 1988 година во Пореч, тогашна Југославија, победи Надица Георгиева, препознатлива како прв модел од Македонија кој направи фантастична кариера.
Нема коментари