Модната aгенцијата „Подиум“ и Моден викенд -Скопје ќе одржат кастинг на 19 февруари (недела) во просториите на „Јавна соба“. Потрагата по нови модели, а воедно и уписи за претстојниот курс по манекенство за сите возрасти ќе трае од 14 до 15 часот. Повеќе за пријавувањето има на објавата за настанот на „Фејсбук“.
Манекените од модната aгенцијата „Подиум“ се едни од најактивните на нашата сцена изминативе осум години, Тие се носечки модели на ревиите на Моден викенд -Скопје, кој се одржува двапати годишно.
Нема коментари