После четири години пауза модната агенција „Моделс ИН“ одлучи да организира кастинг и курсеви за нови лица. „Бидејќи имаше премногу нови заинтересирани лица, решивме дека е време да им дадеме шанса на потенцијалните модели да можат да потпишат ексклузивни договори со нас“, вели Алек Наумовски, косопственикот на агенцијата.
„На кастингот можат да се пријават сите оние кои што сметаат дека имаат предиспозиции. Курсевите или обуката пак се одлична шанса за нивната основа во моделингот, бидејќи не вежбаме само движење и позирање, туку имаме и гости, претставници од различни области како фотографија, козметика, советници за исхрана, фитнес тренери и мејкап артисти. Секако сите се добредојдени да го посетуваат курсот, но само најдобрите од нив ќе потпишат договор со нас“, вели Наумовски.
Тој смета дека низ годините докажале дека со многу труд и голема работа можат и пласираат модели во светските модни центри. Во моментов неколку модели од „Моделс ИН“ работат во Њујорк, Милано, Кина и Индија, на кои од агенцијата се особено горди. Оние кои се заинтересирани за манекенство и сметаат дека се спремни да градат успешна интернационална кариера по примерот на Елена Реи и Јована Нешова, еве можност да се пријават на овој кастинг.
Кастингот ќе се одржи на 16 март во Public Room, со почеток во 13 часот.
„Ние сме убава нација и сигурно сме дека ќе ги откриеме идните топ модели во Македонија“, додава Алек.
Нема коментари